...Запознаетесе со нашиот клуб АМАК СП-БОФОР.
...Бидете во тек со нас.
...Запознаетесе со Охрид.
...Последната временска прогноза за Охрид.
...Поврзани веб страни.
...Новости за 2008 - 2009
Илинденска Регата Охрид 2009 (31/Јули-02/Август)
Едриличарскиот Клуб АМАК СП БОФОР,
Македонската Едриличарска федерација, ве покануваат на:
Илинденска Регата Охрид 2009
за учество:
пополнете ја пријавата
За подетални информации, Симнете го
Расписот за регатата
Настап на меѓународната едриличарската регата во Бела Црква, Р. Србија
Едриличарите од ЕК АМАК СП - БОФОР- Охрид, се вратија од меѓународната едриличарската регата што викендов се одржа во Бела Црква, Р. Србија .
Нашата екипа ја сочинуваа едриличарката Ирена Грунче која во класата Европа го освои првото место и се закити со златен медал и 5 едриличари во класата Оптимист кои во генерален пласман во конкуренција од 24 едриличари се пласираа по следниов редослед:
Добре Трпоски 6то место
Илче Грунче 8мо место
Елена Ставреска 10то место
Новица Велјаноски 11то место
Иван Суклоски 13то место
Настап на меморијалната регата „Зоран Радосављевиќ“ -Савско Езеро, Р.Србија
тричлена екипа составена од подмладокот од ЕК АМАК СП –БОФОР- Охрид, зеде учество на меморијалната регата „ Зоран Радосављевиќ“, што се одржа на Савско Езеро, во Р.Србија. 23 и 24 Мај 2009 Год.
Организатори на овој масовен натпревар беа : Здружението Зоран Радосављевиќ, Едриличарската федерација на Србија и Едриличарскиот клуб Ламар од Белград во соработка со Секретаријатот за млади и спорт и Општина Белград. Нашите претставници зедоа учество во класата Оптимист, каде во конкуренција од 41 едриличар се пласираа на следниот начин: Илче Грунче- 21во место, Дамјан Поп- Стефанија- 23то место, Љупчо Бојаџи – 35то место.
Освен во класата Оптимист, едриличарите се натпреваруваа и во класите Крстач и М550
Настап: 33. Куп Џердап Меѓународна Едриличарск регата 2008
Куп на Ѓердап, Доњи Милановац во Р.Србија, оваа година се одржа по 33ти пат во деновите од 28 – 31 Август 2008.
Во конкуренција од 87 натпреварувачи од 6 земји, едриличарите од едриличарскиот клуб Амак сп - Бофор настапи во 3 класи: Ласер Стандард, Ласер Радијал и Оптимист.
За Резултати и Слики:
http://www.ajk-beograd.com/Kup/index.htm
Слики и резултати од Меѓународната Илинденска Регата Охрид 2008
Програма На Меѓународната Илинденска Регата Охрид 2008
Илинденска Регата Охрид 2008 (31/Јули-02/Август)
Едриличарскиот Клуб АМАК СП БОФОР,
Македонската Едриличарска федерација, ве покануваат на:
Илинденска Регата Охрид 2008
за учество:
пополнете ја пријавата
За подетални информации, Симнете го
Расписот за регатата
Настап: Меѓународна недела во класата Оптимист 2008
На Едриличарската недела за Оптимист во Истанбул, Турција што се одржуваше во периодот од 30 јуни 2008 до 05 јули 2008 год. своевидна премиера на Светското првенство во Оптимист, во одлична конкуренција на 115 едриличари од 9 земји и тоа: Турција, Бахреин, Романија, Србија, Бугарија, Данска, Израел и Русија, боите на Македонија ги бранеа наши едриличари.
Ова се резултатите кои ги постигнаа:
Класа Оптимист- генерален пласман:
Димитар Поп- Стефанија - 53 место
Димитар Манчев - 89 место
Класа Оптимист- женска конкуренција:
Мартина Каневче - 20 место
Istanbul International Optimist Week 2008 || Резултати || Слики
Настап на регати во Варна и Бела Црква
Охридските едриличари од ЕК “АМАК СП - БОФОР“ настапија на различни Меѓународни регати од каде се вратија со успех.
На Меѓународната регата во Бела Црква – Србија, од 28 до 29 Јуни, помеѓу петте клуба кои зеда учество беше и едриличарскиот клуб АМАК СП- БОФОР.
Двете негови натпреварувачки во
класата Европа се закитија со медал. Златото го освои Ивана Фармакоски, додека бронзата и припадна на Александра Заричин.
Во исто време, од 26 до 29 Јуни, во Варна,Р. Бугарија во силната конкуренцја каде покрај дриличари од ЕК “АМАК СП - БОФОР“ и домаќините, учество зедоа и едриличари од Романија, нашите натпреварувачи ги освоија следните места:
Класа Ласер Стандард- млади:
Александар Фармакоски - 4 место
Класа Оптимист- генерален пласман:
Димитар Поп- Стефанија - 14 место
Димитар Манчев - 31 место
Класа Оптимист- женска конкуренција:
Мартина Каневче - 7 место
Настап на Мегународната едриличарска регата "Софија Пролет 2008"
Охридските едриличари од ЕК “АМАК СП - БОФОР“ настапија на
Мегународната регата СОФИЈА – ПРОЛЕТ 2008 која се одржа на Езерото
Искар, во Р.Бугарија, каде покрај Македонија, учество зедоа И Србија,
Романија, Грција и земјата домаќин, Бугарија.
Нашите едриличари ги измерија силите во две класи Оптимист и Ласер
Стандард, при што најдобар пласман во класата Оптимист освиои Елена
Ставреска, која се закити со бронзен медал, а веднаш по неа беше
Емилија Маневска.
Во генерален пласман во истата класа од вкупно 36 натпреварувачи
Димитар Поп- Стефанија го освои 6 тото, а Добре Трпоски 16 тото место.
Милески Лјубиша во класата Ласер Стандард беше 6 ти .
Започна натпреварувачката сезона за 2008 година
Со учеството на
Мегународната Велигденска Nokia Регата, за класата
Оптимист, која во деновите од 21- 23 март се одржа во Порторож,
Словенија, започна овогодишната натпреварувачката сезона за едриличарите од Едриличарскиот Клуб АМАК СП - БОФОР.
Во одличната конкуренција од околу 300 натпреварувачи од 8 земји:
Италија, Австрија, Словенија, Србија, Германија, Велика Британија,
Америка, Димитар Поп-Стефанија од ЕК АМАК СП-БОФОР, Охрид во машка
конкуренција се пласира на 129 место
Велигденска Nokia Регата 2008
Резултати ||
Видео ||
Слики